ЦРВЕНИОТ КРСТ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПОМОШ НА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ПОГОДЕНО ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ ВО ЛИБИЈА

WEB Телевизија во живо

Катастрoфалните поплави во источна Либија предизвикани од поројните дождови од ураганот „Даниел“, кои се случија на 10 септември 2023 година опустошија повеќе градови на средоземноморското крајбрежје. Направени се значителни штети на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а прекината е и телекомуникациската мрежа. Најтешка е ситуацијата во градот Дерна, каде се говори за над 5000 загинати луѓе. Поплавата предизвикана од силната бура ги сруши браните, предизвикувајќи порој од вода и опустоши четвртина и повеќе од градот Дерна, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители, улиците се покриени со урнатини, кал и шут. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати.

Црвениот крст на Република Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети. Искажувајќи солидарност со настраданото население во Либија Црвениот крст се вклучува во обезбедување на потребната помош.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
 
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *