122 ГОДИНИ ОД ГРАБНУВАЊЕТО НА МИСИОНЕРКАТА МИС ЕЛЕН СТОН ВО КОЈА УЧЕСТВУВАЛ И СТОЈАЧАНЕЦОТ СТЕФАН МАНДАЛОВ-МАНДАНАТА

WEB Телевизија во живо

На 3 септември 1901 година била грабната американската протестантска мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка Стефанова од четите на ТМОРО (Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов).
Пленувањето било извршено во Пиринскиот дел на Македонија помеѓу Банско и Горна Џумаја кај месноста Потпрена Скала за добивање откуп. Во грабнувањето учествувал и Стефан Мандалов-Манданата од Стојаково.
Проф д-р Владо Картов, во делото за Сава Михаилов-Савата, соработник на Сандански и Чернопеев и еден од учесниците во целиот настан со мис Стон, го опишал Манданата токму така како што ни го прикажа и Прличко – омилен меѓу комитите, ведар, расположен, со дарба за песна и за имитација на птиците.

Во четата го нарекувале и со прекарот доктор, бидејќи можел да лекува со употреба на разни народни лекови, чаеви и слично. Дарбата за лекување ја наследил од мајка му Векија’
Преговорите за исплата на откупот и за ослободување на заложничките траеле 6 месеци. Почетниот износ на средствата за откуп бил определен на 25.000 турски лири. Средствата за откуп биле собрани преку доброволни прилози. На 31 јануари 1902 година во Банско биле исплатени 14.500 турски лири. Пленетите мисионерки биле ослободени на 23 февруари 1902 година во Градашорци – Струмичко.
 
Аферата Мис Стон станала светски позната и го афирмирала македонското ослободително дело. Првата модерна американска заложничка криза, како што ја нарекуваат тамошните медиуми завршува среќно и за револуционерите кои ги добиваат потребните средства и за двете заложнички кои му се враќаат на нормалниот живот. Случајот не само што добива огромен публицитет, туку со него се занимаваат и тогашниот американски претседател Теодор Рузвелт и шефот на Стејт департментот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *