УТРЕ ЗАПОЧНУВА НОВАТА УЧИЛИШНА ГОДИНА. 228 ПРВАЧИЊА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СЕДНАТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ ВО ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

WEB Телевизија во живо

На први септември, односно утре, петок, ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни,
Оваа учебна 2023/2024 година, 228 првачиња ќе седнат на училишните клупи во основните училишта од општина Гевгелија. Во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија се запишани 86 првооделенци, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, 100, во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци“ 21, и исто толку, 21 во ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
Тоа се за 8 ученици повеќе од минатата година, а за 4 помалку од 2021 година.
 
Во исто време, во прва година средно образование, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, настава ќе следат 204 ученика. Од нив, 87 се определиле за гимназиско образование, а 117 за стручно образование. Од 90 запишани во 4- годишно стручно образование, 25 се одлучиле за стекнување квалификација за хотелско- туристички техничар, 24 за машински техничар за моторни возила, 7 за физиотерапевтски техничар, 9 за гинеколошко- акушерска сестра, 11 за бизнис- администратор и 14 за економски техничар.
За тригодишно стручно образование се определиле 27 ученика, од кои 7 ќе се стекнат со квалификација за автомеханичар / заварувач, а 20 за келнер / готвач.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *