СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ ОД 18 ДРЖАВИ ОД УТРЕ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА 56 ЛЕТНА ШКОЛА ВО ОХРИД НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ

WEB Телевизија во живо

Околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави, утре доаѓаат во Охрид – на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Значајно е што Школата ќе се одржи со семинаристи од речиси сите страни на светот, при што нивниот број е најголем последниве години. 
 
За Школата која ќе трае до крајот на август, предвидена е програма која покрај лекторската настава и предавања, вклучува и низа настани кои имаат за цел на странските македонисти да им овозможат и нови видици за македонскиот јазик, литература и култура.
 
Инаку, на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе учествуваат семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република. Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и голем број млади кадри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *