РИСТО ЧАЛКОВ НА ДЕЛБА НА 2-ТО МЕСТО ПО ВТОРАТА ТРКА НА „TIGRI ENDURANCE SPORTS CLUB“ ВО СУРИНАМ

WEB Телевизија во живо

Со завршената втора трка во саваната во Суринам, Јужна Америка, натпреварувачите се на половина пат од серијата . За сериозните тркачи, ова е добро време да го проверат рангирањето на првенството, пишува на фејсбук профилот на „Tigri Endurance Sports Club“.
 
Нашиот гевгеличанец, на работа во Суринам, Ристо Чалков, е на добар пат да се замеша во борбата за освојување на првото место на ова интересно трчање во савана.
За секоја трка победникот добива 50 поени, второто место носи 38 поени, додека третото место 30 поени и така натаму.
Рангирањето на шампионатот ги покажува најконстантните врвни тркачи низ сите трки. По трката во Кабенда минатата недела, водечка е Ирене Тиндал кај жените и Шекил Пикиентио кај мажите, двајцата со 88 поени.
 
Кај жените на второто место ја гледаме Алиша Хелу со 60 поени. Нирмаладебие Хиералал и Паулиен Кок (Холандија) го делат третото место со по 50 поени.
Кај мажите второто место го делат Карлос Феликсдал и Ристо Чалков (Македонија) со по 60 поени. На третото место е Јаник Помба, кој победи на трката во Берлин, но не се натпреваруваше на трката во Кабенда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *