ПОЖАРОТ КАЈ „БРДАНОВ КАМЕН“ ПОД КОНТРОЛА, ИАКО ИМА ЖАРИШТА НА НЕКОЛКУ МЕСТА

WEB Телевизија во живо

Пожарот кај Богданци кај местото Брданов камен, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, е локализиран и ставен под контрола, но на одредени места се распламтува, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
 
Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола. Гаснењето продолжи од 6 часот утрово.
 
Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат над шеесетина лица.
 
Жаришта се појавуваат на некои места, а пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци, се обидуваат се на лице место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *