ПО НЕГОРЦИ И НАЈМАЛИТЕ ЖИТЕЛИ НА ПРДЕЈЦИ ДОБИЈА НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

WEB Телевизија во живо

Во рамките на акцијата на Општина Гевгелија за уредување паркови за деца, во населеното место Прдејци е изградено ново детско игралиште. Поставени се детски реквизити на висококвалитетна гумирана подлога, на површина од 120 метри квадратни. Ова детско игралиште, коешто се наоѓа наспроти Младинскиот дом во Прдејци, е изградено веднаш по новото детско игралиште во Негорци, за коишто со Проект за поставување урбана опрема за детски игралишта Општина Гевгелија аплицираше за финансиска поддршка до Бирото за регионален развој и издвои сопствено учество од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
Согласно проектот, ново детско катче се очекува да биде изградено и во Богородица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *