ОВОЈ ЈУЛИ СО НАДПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ, НАЈВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА ИЗМЕРЕНА ВО ГЕВГЕЛИЈА +42,1

WEB Телевизија во живо

Според УХМР, средномесечната температура се движела од 18,2 степени во Лазарополе до 28,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период, овогодинешната температура беше натпросечна за 1,6 степени на ниво на државата.
 
Средната максимална температура се движела од 25,7степени во Лазарополе до 35,9 во Гевгелија. Највисоката максимална температура била измерена на 22 јули во Гевгелија и изнесувала 42,1 степен.
 
Средната минимална температура варираше од 11 степени во Лазарополе до 20,1 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 28 јули и изнесуваше 4,3 степени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *