„ОГНЕН“ ЗАВРШЕТОК НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „ИВАН ПЕНОВ“

WEB Телевизија во живо

ПОБЕДНИЦИ СЕ „CASINO FLAMINGO“ ВО СЕНИОРСКА „PELAGONIA TIRIC“ ВО ЈУНИОРСКА И „ RED TIGERS“ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА.
 
Во чест на Иван Пенов, кошаркарот на КК „Кожув“, кој прерано и трагично го загуби животот во февруари оваа година, во Гевгелија изминатите денови се одржуваше Меморијален турнир во баскет 3×3. Вчеравечер, на 4 август, денот на раѓање на Пенов, се одржаа финалните натпревари во јуниорска и сениорска конкуренција, беше прогласен победникот во шут за три поени а беа доделени и признанија за за МВП на турнирот и МВП на финалето.
Победници во Јуниорска категорија се Pelagonia Tiric, Кај сениорите Casino Flamingo и во женска категориј Red Tigers.
 
Кога сме кај поединечните награди, во натпреварот за шут од 3 поени најдобар беше Живко Старделов, за најдобро забивање наградата му припадна на младиот Јордан Кузманов, За Мвп на финалето беше избран Никола Бојчев, додека за Мвп на турнирот е избран Филип Аблаков.
Инаку, изминатите денови, во вечерните часови кошаркарското игралиште зад Детската градинка „Цветови“беше преполно со љубители на кошарката кои уживаа во сите натпревари.
 
Целта и на овој турнир беше исполнет, името на Иван Пенов да остане запаметено, со тоа што на игралиштето на кој се играше турнирот и во иднина ќе го користат сите деца кои сакаат да спортуваат и играат кошарка, продолжувајќи го патот на прерано згаснатиот живот на младиот кошаркар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *