НА ДЕНЕШЕН ДЕН КАЈ ВЛАШКИТЕ КОЛИБИ НА КОЖУФ ЗАГИНАЛ ВОДЕНСКИОТ ВОЈВОДА ЛУКА ИВАНОВ

WEB Телевизија во живо

На 13 август 1906 година, кај Влашките колиби на Кожуф, во борба против андардите, загинал Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. Роден бил во Панаѓуриште, Бугарија, 1880 година. Привлечен од Организацијата тој учествувал во Илинденското востание во 1903 година и како воденски војвода учествувал во многу други битки со турскиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда по востанието. На 16 август 1906 година (ст.стил) кон неговата чета се приклучил американскиот новинар и публицист Алберт Сониксен, кој своите искуства ќе ги објави во својата книга „Исповед не еден македонски четник“.

Војвода Иванов, верен кон Македонската револуционерна организацијата и моќен фактор за остварување на нејзиниот идеал, бил предаден и убиен од андартските чети во август 1906 година. Неговото убиство преставува уште „една типична епизода на огромната загуба на интелигентната македонска младина “(” Исповед … “, стр. 146).
Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов, во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“, повикувајќи на пишувањето на Сониксен и на други извори, за значењето на убиството на Иванов пишува:
„По долгата обиколка низ западна Македонија, Сониксен се најде во месец септември повторно во Воденско. Тука го нашол својот омилен комита Тодор, секогаш весел и хумористично настроен другар на Лука, остарен од преживеаните маки и од тага: Тодор и воденските четници сè уште не го исплакаа својот загинат војвода. Американецот кој ги зачува најдобрите спомени од двомесечното другарување со Лука по планините и Блатото, братски ја сподели нивната тага. Во лицето на воденскиот војвода, тој беше навикнат да види совршен пример за добар човек и македонски револуционер. Воденско сега му изгледаше мрачно.
Лука Иванов кој излегувал неповреден од многу битки, загинал во околности што не му дозволиле да ги покаже своите војнички квалитети како офицер и искусен војвода. 

Тој станал жртва на преголемата доверба во Каракачаните (зборуваат расипан грчкиот јазик, се занимаваат исклучиво со сточарството и се разликуваат од другите Куцовласи – з.з.), кои, поставени меѓу два огна, им служеле и на комитите и на андартите, но повеќе ги симпатизира вторите, прито искусно прикривајќи ги своите врски со нив.

Откако договорил средба со Апостол во областа околу Сборско, Лука го известил кехајата Гулито дека ќе го посети во Баовските колиби. Каракачаните ја пречекаа четата пољубезно од било кој друг пат и ја нагостија богато со изобилство вино. Лука не се сомневал дека му е поставена стапица. Кон полноќ, по долга веселба и песни, четниците заминаа да спијат, распределени во три колиби. Неколку пати Каракачаните влегоа во колибата на војводата наводно за да надгледуваат огнот. Околу три часот по полноќ, една андартска група почека да задрема стражарот, по што ги нападна заспаните луѓе во колибата на војводата

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *