НА 9 АВГУСТ 1883 ГОДИНА ВО ВЕЛЕС Е РОДЕН ПАНКО БРАШНАРОВ, ПРВ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСНОМ

WEB Телевизија во живо

„Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчињски” и на овој историски ден ИЛИНДЕН , кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народно ослободување на Македонија, душата ми е преполна со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава”, ќе им се обрати на присутните со треперлив глас велешкиот учител, македонски национален деец, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв повереник на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов – Ченто. Умрел на Голи Оток, на 13 јули 1951 година. Панко Брашнаров е човечки израз на македонската самобитност, непокор и желба за живот во самостојна и независна држава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *