НА 11-ТИ АВГУСТ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА „КМФ МИРАВЦИ 2023

WEB Телевизија во живо

Во соработка со Службата за трансфузиона медицина, ОО Црвен крст од Гевгелија на 11 август, петок, ќе ја спроведе традиционалната крводарителската акција во населеното место Миравци, на спортското игралиште, како дел од традиционалниот турнир во мал фудбал „КМФ 2023“. Како што не информираше секретарот, Лазар Мешков, акцијата ќе започна во 20 часот, а ќе трае до 24:00 часот. На оваа крводарителска акција, за најсреќниот крводарител ќе биде обезбеден подарок, велосипед.
Од раководството на ОО Црвен Крст Гевгелија ги повикуваат хуманите крводарители да даруваат крв, зошто оваа драгоцена течност не може да се купи, туку само да се подарува.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *