МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПЕРФОРМАНС „COLORОGY“ НА ПЕТАР ЏОН

WEB Телевизија во живо

Уште еден интересен настан во рамки на „Гевгелиско културно лето“ а во организација на Дом на култура- Гевгелија – Мултимедијален перформанс на Петар Џон, насловен COLOROGY., ќе се одржи на 2 септември 2023 година, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.
Мултимедијалниот перформанс на Петар Џон, Colorogy, e интерактивно и real time искуство, преку кое гледачите со своите движења ги менуваат проекциите. 

Colorology или Chromotheraphy е гранка во алтернативната медицина каде светлото се користи во форма на боја и на тој начин се постигнува баланс на енергетското ниво кај човекот. Посетителите ќе имаат можност да си играат со боите и на тој начин ќе може да видат како тоа влијае на средината и на самите нив. Овој мултимедијален перформанс ќе биде проследен со соодветна аудио- поддршка од страна на ди-џејот Мартчин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *