МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЌЕ НАСТАПИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО АМАТЕРСКИ ПОКЕР ВО АНГЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

Специјално за TВ НОВА 12 од Нотингем, Англија, ни се јави Мајк Поп Гонов, претседателот на Македонската покер федерација и нејзин капитен на ова првенство. Тој не информираше дека од среда, 23 август па се до понеделник, 28 август, Македонската репрезентација во покер ќе настапи на светското првенство во Англија. На ова првенство, покрај нашата, ќе настапат и репрезентациите на Англија, Велс, Ирска, Северна Ирска , САД, Полска, Холандија, Германија, Португалија и Романија. Нашите репрезентативци, вели Поп Гонов веќе се пристигнати во Обединетото кралството ,а после краткиот одмор ќе настапат денес во 16:00 часот по англиско време. Секоја репрезентација ќе биде претставена со 4 играчи кои ќе играат во различни дисциплини
(варијанти) на покер: Heads Up, PLO8, PLO ,NLH i MTT.

 Главниот турнир е со награден фонд од £100.000 ! Во нашиот состав ќе недостасува најдобриот играч Савевски кој реши да игра на EPT Барселона, а победникот на Macedonian Open 2023 Jован Наумоски не успеа да се врати на време од САД каде што играше на WSOP Лас Вегас.

Заради работни обврски во Германија, ќе отсуствува и Дејан Илиевски ,а во последен момент заради семејни причини откажа и носителот на два медала од Macedonian Open Спасе Кленковски. Сепак атмосферата во нашата репрезентација е на завидно ниво и со голем елан го очекуваат настапот во престижната покер сала ” Dusk Till Dawn”.

Александар Камендолиев е во одлична форма ,а Стефан Стојчев е еден од нашите најдобри “heads up” играчи во моментов. Тука е и женскиот играч на годината Елена Бојкова која веќе ја има докажано својата класа. Во последен момент претседателот Поп Гонов кој е искусен PLO играч ќе игра на местото на Кленковски . Шампионатот ќе се игра на 8 маси по 6 играчи на маса ,а наши противници се : Англија , Германија ,Холандија, САД, Ирска ,Велс, Полска ,Португалија , Шкотска ,С.Ирска и Романија! Да се надеваме на убави вести од островот !

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *