МАКЕДОНЕЦОТ ГОРЈАН ГОГО СЛАВЕСКИ СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО ВЕЛТЕР КАТЕГОРИЈА ВО БОРБА СО ГОЛИ РАЦЕ

WEB Телевизија во живо

Новиот светски шампион во велтер категорија во борбите со голи раце во БКФЦ верзијата, Горјан Гого Славески синоќа по победата над Американецот Џејк Лидзи не ја криеше радоста поради успехот што го оствари во САД.
За мојот народ никогаш да не зборуваш со деминутив, објави Славески на неговиот профил на Фејсбук.
Славески е од скопската населба Ѓорче Петров, а веќе една деценија живее и се пробива во САД и конечно успеа да се искачи на врвот со шестата победа во исто толку мечеви.
 
По победата Гого изјави:
Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони, викаше на цел глас Славески по прогласувањето за победникот во Флорида.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *