ВРЕМЕ ЗА ПЛАЧЕЊЕ-ГО ИМАМЕ КРОМИДОТ ОД БУЧИН А УВЕЗУВАМЕ ОД ИНДИЈА И ЌЕ ГО ПЛАЌАМЕ ПО 120 ДЕНАРИ НА ЕСЕН!

WEB Телевизија во живо

Килограм кромид есеноска може да стаса и до 120 денари за килограм, бидејќи Индија – најголемиот извозник во светот, а од каде се снабдуваат и македонските пазари, воведе извозен данок од 40 отсто, објави Си-Би-Ес!
Овој зеленчук во 2020 и во 2021 година просечно се продавал по цена од речиси 18 денари за килограм. Човек да заплаче, не од кромидот, се разбира, туку од негрижата за земјоделското производство. На времето, Македонија ја „хранеше“ цела тогашна Југославија, а денес?
 
Кромидот е неизбежен дел од многу македонски јадења. Бучин е крушевско село познато по долгата традиција на производство на кромид. Крупен, здрав, не мрзне, вкусен е, одлично погодува за одгледување како на ниедно друго место Што е тоа што кромидот од Бучин го прави прочуен не се знае. Кај соседните села тој не успева, предвреме р’ти и одвнатре скапува.
Но, површините засадени со кромид сега се многу помали од порано. Причините зошто е така се добро познати, а тоа е дека младите се иселуваат, старите не можат да работат а проблем е пласманот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *