ГЕВГЕЛИЈА СО ЦЕЛО СРЦЕ ЗА ЛУНА-ХУМАНИТАРЕН БАЗАР ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ СПАС“

WEB Телевизија во живо

Со благослов на Митрополитот Повардарски г.Агатангел, а во организација на здружението „Православна жена“, во тек е хуманитарниот базар за малата Луна Поп Костова во манастирот Св Спас во Гевгелија.
Драги хумани луѓе, ајде сите заедно сплотени да и помогнеме и на овој начин на малата Луна. Да ги отвориме нашите срца, нашето малку за некој значи многу. Богородица напомош на сите што ќе се вклучат во оваа хуманитарна акција, велат од Здружението.
Малата Луна Поп Костова, 14 години од Гевгелија поради асфикција на мозокот при породување се здобива со дијагноза „ Спастична церебрална парализа-квадриплегија Г-80.9 “
Веќе година и пол храбро се бори со сколиоза која е во последен стадиум и бара итна операција во ACIBADEM Турција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *