ДОДЕКА НИЕ СЕ РАСПРАВАМЕ КОЈ Е ЗА А КОЈ Е ПРОТИВ ЕУ, ИНДИЈА СПУШТИ ВСЕЛЕНСКО ВОЗИЛО НА МЕСЕЧИНАТА.

WEB Телевизија во живо

Индија стана четвртата земја која безбедно слета вселенско летало на Месечината. Вселенското летало Chandrayaan-3 направи се без никакви проблеми.
Индија е на Месечината, ова се зборовите со кои земјата влезе во историјата како само четврта земја во светот која безбедно го спуштила своето вселенско летало на површината на Месечината.
 
Успешното слетување на Јужниот пол (на Месечината) ќе и овозможи на Индија да истражи дали има воден мраз на Месечината.
За ова ќе биде одговорно возилото тешко 1.500 килограми, кое на површината ќе исфрли ровер со шест тркала тежок 26 килограми. Роверот ќе го истражува лунарниот терен, ќе собира и испраќа клучни податоци назад до контролата на летот на ИСРО.
 
Громогласен аплауз избувна во центарот на Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО), каде неколку стотици луѓе внимателно ги следеа податоците на екранот кои покажаа дека целата процедура на слетување се одвиваа автоматски и без никакви проблеми.
 
„ Пријатели, во овој среќен момент би сакал да му се обратам на целиот свет. Успешната индиска мисија на Месечината не е само индиски успех. Тоа е успех на целиот свет. Ние сме една планета, едно семејство, една иднина. Нашата мисија се заснова на човечки пристап, така што успехот му припаѓа на целото човештво и ќе им помогне на другите мисии на Месечината во иднина. Убеден сум дека сите земји во светот, вклучително и оние од јужниот дел на планетата, ќе профитираат од овој успех, рече премиерот Нарендра Моди.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *