ДЕНЕС НА ФЕСТИВАЛОТ „БОШ 2023“

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија е во тек јубилејното 15-то издание на фестивалот БОШ. Мултимедијалниот Арт Фестивал Бош е мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст. Бош е обид за естензирана артикулација и осмислување на т.н. додадена вредност на урбана култура.
Бош е процес на создавање на едно типично-поразличен, несекојдневен и неконвенцијален, јавен простор. Фестивалот се одржува три дена во централното градско подрачје. Во програмата на истиот место заземаат театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други интердисциплинарни и неконвенцијални уметнички случувања.
 
Денеска на фестивалот може да ја проследите следната програма:
 
20:00 Народен театар Гевгелија
 
„Вечерен муабет“ – Стефан Алиевиќ / книжевно возење
Изложби:
„Излишно“ – Наташа Гелева / изложба на фотографии
„Спознавање“ – Марија Ќорнакова / изложба на цртежи и графики
„Aiii! art“ – Матеј Богдановски / промоција на арт-книга (колажирана уметност)
„Аиии! арт“ е книга, збирка на илустрации и кратки раскази,
„БОШ скулптура“ – Александар Јанев / скулптура
„Те гледам!!! …поинаку…“ – студенти од ФЛУ / изложба на фотографии
(Акт, тело, експеримент)
Презентација на кратки видеа – студенти од прва година по предметот Основи на дигитални технологии – Факултет за ликовни уметности – Скопје
„The Hip“ – Јане Алтипармаков / проекција на долгометражен филм (93’)
 
22:30 Локација Стар пазар
 
ФИЈУК Македонија / саем на независни продукции
„Зомбиленд“ – Горанд Дачев / изложба на стрип-табли
„Маестро Дениќ во живо“ – Александар Дениќ / сликарски перформанс
„Дали сте виделе мечка“ – Алиса Лаурешес / изложба на монотипии
„Очи“ – Ице Капсаров / видеоинсталација
PPL & Friends / live
Portron Portron Lopez се експлозивно трио од Франција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *