ЦУК СО ПРОЦЕНКА: РИЗИКОТ ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО АВГУСТ СО „ВИСОК“ ИНДЕКС ЗА ЈУГОИСТОКОТ

WEB Телевизија во живо

Индексот за шумски пожари кој што се базира на основа на измерените вредности од Автоматските метеоролошки станици при УХМР (температура на воздух, влага, ветер и врнежи), покажува “просечно” ниво за северо-западниот, западниот и југо-западниот дел од Републиката, додека со индекс на “високо” ниво е покриен централниот, јужниот и источниот дел од Републиката.
 
Оваа состојба укажува на потребата од понатамошна континуирана подготвеност и будност на сите субјекти од Системот за управување со кризи, бидејќи врнежите значително го ублажија интензитетот на пожарите од изминатите денови, но ризикот од пожари ќе биде актуелен и во текот на август, бидејќи според метеоролошките прогнози, се најавува стабилизирање на времето и повторно зголемување на температурите.
 
Заради сето ова Центарот за управување со кризи ќе продолжи со интензивна меѓуресорска комуникација и координација со сите релевантни чинитили од локално и национално ниво, со крајна цел во текот на оваа сезона на пожари, последиците и штетите да се сведат на најниско можно ниво.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *