72-ГОДИШНИНА ОД УБИСТВОТО НА ПЕТМИНАТА СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ. ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИ И ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти , денес цвеќе положија членови на нивните семејства, членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани од Гевгелија, како и претставници на државни институции.
Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица читаа поетски колаж, а на гробиштата во Струмица беше одржана панахида.
За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници.

-Сонот на струмичките студенти заедно со нивната визија и желба за демократска, правна, економски просперитетна држава, каде правото и правдата се темел на секоја цивилизирана држава, заедно со нас политичките затвореници, ќе ја градиме демократијата, правото, слободата, самостојноста и независноста на Македонија. Нивната визија и цел заедно ќе ја преточиме во традиција, ќе помагаме, ќе се залагаме за правна, демократска и економски просперитетна, самостојна и суверена македонска држава, членка на ЕУ, но и членка на НАТО што во моментов сме и со посебен статус со САД и Велика Британија што беше идеа на петтемина студенти, истакна Андонов.

Петтемина студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов се убиени од комунистичкиот режим на 13 август 1951 година на планината Беласица наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат.
Биле убиени со вразни раце, со по еден куршум во главата и еден во срцето. Само Борис Белев бил застрелан со три куршуми… Убиството било планирано, бидејќи на семејствата уште утрото им кажале да ги подготвуваат ковчезите. Студентите биле застрелани во вечерните часови, пред да бидат набрзина погребани.

Студентите, чија цел била слободна и независна Македонија, биле стрелани кај селото Орманли на планината Беласица, дваесеттина километри од Струмица. Образложението на тогашната власт било дека студентите работеле против комунистичкиот режим и илегално се обиделе да ја преминат границата, да побегнат во Грција.
 
И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ги душите на починатите твои чеда и наши браќа во Господа Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов, прости им ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ги нивните души во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен.
 
Ќе ги посетуваме нивните вечни почивалишта, но знаеме дека нивното дело и мисла ќе не прогонуваат: Борете се за Македонците и за Македонија! Лесна им земја и Бог да ги прости… Било да не се повтори..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *