ЗАПОЧНА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ФАНТОМИ-СЕВЕР“

WEB Телевизија во живо

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на гевгелиската голманска легенда Никола Гелебешев, на кој учествуваат 26 екипи,започна синоќа во Гевгелија. На самото отварање се одржа пригоден говор во чест на Никола Гелебешев. 

Младите фудбалери истакнаа дека со овој турнир тие му оддават почит на едно големо фудбалско име, на неговата непоколеблива посветеност и љубов кон фудбалската игра, и на свој начин го продолжуваат фудбалското наследство кое Гелебешев го остави на младите генерации. 

Потоа се одигра ревијалниот натпревар на поранешни играчи кои потекнуваат од школите на Никола Гелебешев. Официјално, турнирот започна со одигрување на натпреварите помеѓу екипите на Мики-Џа – ЛПФ Кабрела, кој заврши со резултат 0-3 и Кадери – Барози со резултат 1-4.
 
Фудбалскиот турнир Никола Гелебешев ќе трае до 30 јули а сите натпревари ќе се играат на игралиштето на ДТВ „Партизан“, веднаш до градскиот стадион

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *