ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „КМФ МИРАВЦИ 2023“

WEB Телевизија во живо

И оваа година, Спортското друштво „КМФ Млади“- Миравци повторно ќе ги вклучи рефлекторите на спортското игралиште во Миравци, каде од понеделник, 24 јули 2023 година, ќе се одржи Турнирот во мал фудбал, кој го носи и самото име на друштвото.
Пријавувањето на екипите во јуниорска и сениорска конкуренција е во тек, а наградниот фонд во категоријата сениори изнесува 200.000 денари
„КМФ турнирот 2022“ во мал фудбал е продолжение на веќе препознатливиот Mеморијален турнир „ТИХО“, а веќе четврта година го организираат млади и амбициозни луѓе кои се обидуваат да го задржат духот и традицијата на спортот во Миравци, особено фудбалот.
Спортскиот настан е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *