ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОД ПРИМЕНИ 5842 БАРАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ, РЕШЕНИ СЕ 4276, ОТФРЛЕНИ ПОРАДИ НЕКОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА 1048

WEB Телевизија во живо

Според законот за постапување со бесправно изградени објекти, во одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина, заклучно со 2018 година доставени се 5842 барања за утврдување на статус на бесправно изградени објекти, стои во информацијата која ќе се најде на 29-та седница на Советот на Општина Гевгелија, која ќе се одржи на 17 јули 2023 година, (понеделник).
 
Во дадениот временски период издадени се 4276 решенија за утврден правен статус за бесправни градби, одбиени се 66 барања, додека издадени се 1048 решенија за отфрлање на барањето поради некомплетна документација.
Останати за решавање, односно во процедура се 452 барања.
Според горенаведениот закон рокот за завршување на барањата е до 3 март 2026 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *