ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „КМФ МИРАВЦИ 2023“

WEB Телевизија во живо

Вечерва, со свечено отворање, во 21,45 часот, во Миравци ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал „КМФ МИРАВЦИ 2023“. На турнирот учествуваат 16 екипи, поделени во 4 групи. Наградниот фонд во категоријата сениори изнесува 200.000 денари.

Веднаш по свеченото отворање, ќе бидат одиграни два натпревари. Најнапред во 22 часот ќе се одигра натпреварот меѓу јуниорите на „Џокер Фурка“ и „КМФ Миравци“, а во 23 часот под рефлекторите ќе истрчаат сениорските екипи на „Мики Џа Гвг“ и „Марјан Ринго Брајковци“.
 
„КМФ турнирот Миравци“ во мал фудбал е продолжение на веќе препознатливиот Mеморијален турнир „ТИХО“, а веќе четврта година го организираат млади и амбициозни луѓе кои се обидуваат да го задржат духот и традицијата на спортот во Миравци, особено фудбалот.
Спортскиот настан е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *