ТРЕТ ПО РЕД МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БАСКЕТ „ИВАН ПЕНОВ“

WEB Телевизија во живо

Вечерва, понеделник, 31 јули, во 18 часот, со одигрување на натпреварот во јуниорската категорија помеѓу екипите на „Аполонија хотел и Спа“ и „Негорци“, започнува третиот по ред Меморијален турнир во баскет 3х3 „Иван Пенов“.
 
Свеченото отворање на турнирот е во 21 часот, по што ќе се одигра и првиот натпревар во сениорска конкуренција помеѓу екипите на „Стокол“ и „Фантоми“. Оваа година ќе има натпревари во три категории и тоа: Сениори 18+, Јуниори до 17 години и за прв пат на турнирот женска категорија.
 
На кошаркарското игралиште позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, до 4 август ќе бидат одиграни натпревари помеѓу пријавените 14 екипи во јуниорска и 12 екипи во сениорска конкуренција, и 2 екипи во женска, со што, уште еднаш ќе му се оддаде почит и ќе се продолжи споменот на прерано починатиот гевгелиски кошаркар, Иван Пенов, кој трагично го загуби животот.
 
Меморијалниот турнир е со натпреварувачки карактер, а за најдобрите екипи во двете категории се предвидени парични награди. На крајот од турнирот, ќе бидат прогласени и наградите MVP на турнир, MVP на финале и победник во шут за три поени.
Распоредот на натпреварите и учесниците по групи може да го видите на фејсбук страната Меморијален турнир-Иван Пенов

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *