ПРОМОВИРАН ФИЛМСКИОТ ПРОЕКТ ЛАЗАРЕНКИ – РЕЛИКВИЈА НА ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ БОЈМИЈА

WEB Телевизија во живо

Синоќа, пред платото на Народниот театар во рамките на Гевгелиското културно лето се одржа промоција на филмската адаптација на проектот „Лазаренки
Проектот „Лазаренки“е во продукција на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ и е дел од програмата за реализација на проекти во областа на културата за 2023 година на Општина Гевгелија, којашто воедно е и покровител на проектот. Во филмската адаптација се прикажани обредите и обичаите кои се поврзуваат со празникот Лазарева сабота, една недела пред големиот христијански празник Велигден.
Од целиот етнички предел Бојмија се издвоени неколку обредно – вокални нумери кои групата девојчиња ги пееле на денот на изведување на чинот. Истите песни се адаптирани во 13 минутен краткометражен документарен филм, во кој се прикажани неколку обредни дејствија и обичаи кои момите ги правеле за време на обредот. Како статисти во филмската адаптација учествуваат уметниците од Академскиот Ансамбл „Македонија“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Филмот е снимен на локации во селото Петрово – гевгелиско токму на Лазарева сабота, на 08 април годинава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *