ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКАТА ЗБИРКА „МЕТРИЧКИ КАРВАН“ ВО КОЧАНИ – ПОЕЗИЈАТА Е МОСТ КОЈ ПОВРЗУВА САМО НАВИДУМ ОДДАЛЕЧЕНИ МЕСТА

WEB Телевизија во живо

Кочани со низа активности го одбележува Петровден, патрон празникот на градот. По тој повод, на 13 јули, со почеток во 19 часот, во салата на МКЦ ќе се одржи настанот под наслов „Метрички карван”, на кој ќе биде промовирана 10 –та поетска збирка во издание на Библиотеката „Гоце Делчев” од Гевгелија, а во соработка со ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
 
Во збирката се застапени необјавени стихови од гевгелиските и кочанските поети: Васил Тоциновски, Јосип Коцев, Пепи Стамков, Стефчо Стефанов, Катерина Гогова, Жаклина Атанасова, Јадранка Клисарова, Димитар Арнаудов, Лилјана Пецова – Илиеска, Моника Игевска Ризова, Олгица Ќурчиева (Гевгелија), Доне Донев, Жаклина Михајлова, Љубинка Донева, Аника Илијевска-Ѓорѓиева, Ленче Стоименова, Љубинка Давидовска, Соња Драгољуб Гиздавиќ, Марина Гоцевска, Билјана Ѓорѓиева Гаврилова, Ставре Јанев и Андреј Јанков (Кочани).
Уредници на 10. издание на „Метрички карван“ се директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, Стефан Марковски, Васил Тоциновски и Славчо Ковилоски.
 
Во збирката се застапени автори со потекло од Гевгелија, градот во кој е извориштето на идејата за поврзување на македонските поети кои, иако творат во различни средини, сепак имаат иста љубов, поезијата, пишува рецензентот Витанова Рингачева. Според неа, едно вакво издание на поети од два града како две поетски жаришта има тенденција да ја оствари суштинската идеја за постоењето на поезијата, да биде мост за поврзување на само навидум оддалечените места.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *