ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ОПШТИНА ВЕЛЕС НАЈТРАНСПАРЕНТНИ ОПШТИНИ СПОРЕД ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ.

WEB Телевизија во живо

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 3 процентни поени (од 73 % на 76 %).

Општина Гевгелија, заедно со Општина Велес за првпат се најтранспарентни општина во Република Македонија според најновата анализа на Центарот на граѓански организации.
Од вкупно 98 институции, само две институции, Министерството за одбрана и Владата, имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Двете општини, Гевгелија и Велес , ја делат третата позиција, со високи 98,6 % исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност.
Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите (општините само 57 % од можни 100 %, а министерствата 62 % од можни 100 %).
 
Се влошува состојбата со одговорите на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање. Општините одговорија во просек за 16 дена (лани за 12 дена), а министерствата одговорија за 19 дена (лани за 16 дена). Само 65 % од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сторија 93% од институциите), соопштуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *