ОО ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ОРГАНИЗИРА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. ЗА НАЈСРЕЌНИОТ КРВОДАРИТЕЛ СЛЕДУВА ПОДАРОК: ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕР

WEB Телевизија во живо

На 26 јули, 2023 година, ОО Црвен крст- Гевгелија организира крводарителска акција. Крводарителската акција, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, ќе биде спроведена во просториите на Пионерскиот дом од 10:00 до 15:00 часот.
Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат, треба да го потврдат својот хуман гест на телефонскиот број: 077 750 120. ОО Црвен крст- Гевгелија ги потсетува граѓаните кои сакаат да ја даруваат својата крв дека крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години.
Во однос на годишниот интервал на дарување, мажите можaт да даруваат крв на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци. Вашата капка крв може да спаси нечиј живот, затоа ДАРУВАЈТЕ крв!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *