НАЈСКАПИОТ ВЕЛОСИПЕД ВО СВЕТОТ Е СТАР 60 ГОДИНИ И НЕГОВАТА ЦЕНА ДЕНЕС ДОСТИГНУВА 46.000 ЕВРА

WEB Телевизија во живо

Вистинско богатство е скриено во куќата во еден двор во населбата Тексас во градот Вараждин, Република Хрватска.. Меѓу миленичињата на неговиот сопственик, Живко Скухало, се наоѓа и најскапиот велосипед на светот.
Имено, тој има прекрасен Музеј за стари возила, што овој вараждински љубител на стари работи ги гледа и чува како око во главата своја. 

Меѓу „миленичињата“ на Живко е и најскапиот велосипед во светот, црвената убавица изработена од стаклена пластика. Марката на велосипедот е Spacelander. Името му одговара совршено, тој е целосно – вселенски. Елегантни линии, како да се направени од едно парче материјал. Има и радио на воланот, двојни светла во предниот и задниот дел.
Парадоксално, токму таквата убавина на овој велосипед му обезбеди банкрот на неговиот дизајнер..

– Со ваков футуристички изглед, не им личеше на велосипед на луѓето, а во исто време беше многу скап. Само 522 парчиња беа произведени. Тој беше дизајниран од американскиот индустриски дизајнер Бенџамин Боуден. Кога е направен, во 1960 година, тој беше далеку пред своето време. Изградбата е прогласена за најубав дизајн на деценијата. Овие велосипеди многу ретко се продаваат, а последниот достигна цена од 42.000 американски долари, а денес би чинела дури и повеќе. Никој не знае кој ги поседува другите велосипеди и дали некој од нив е јавно изложен. Само е сигурно дека во Европа Спејслендерот може да се види јавно , само во Вараждин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *