НА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ – ГРАДОТ УБАВ ПОВТОРНО НИКНА, КАКО ФЕНИКС

WEB Телевизија во живо

Денес се навршуваат 6 децении од скопскиот катастрофален земјотрес.
Шеесет години тажни спомени на една слика и едно време, препознатливо по својата уникатност, по која и денес некои скопјани сеуште копнеат.
Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, повеќе од 4.000 беа повредени, а 80 отсто од зградите беа уништени или оштетени.
Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом. Време, удри и ти по споменот грубо и незаситно.(Матеја Матевски)
Скопје како слоевит поим е буквално шаренило во сè. Од надворешниот изглед до многуте внатрешни структури. Скопје е етнички конгломерат„Скопје е Вавилонија од јазици, Скопје е Македонија во мало или, подобро речено, најсестраната јавна витрина на Македонија, или, како што напишав во предговорот на својата книга стихови „Скопјани”, Гане Тодоровски:
„Живее, блика и блескоти небаре најсјаен бесценет камен врз дијадемата на Македонија… како алфа на еден национален полет”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *