НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1944 ГОДИНА ЗАГИНА АНТОАН ДЕ СЕНТ-ЕГЗИПЕРИ, АВТОРОТ НА „МАЛИОТ ПРИНЦ“

WEB Телевизија во живо

КНИГА ЗА ДЕЦА ОД КОЈА ТРЕБА ДА УЧАТ ВОЗРАСНИТЕ
 
Извадок од “Малиот Принц”
 
Возрасните никогаш не ги интересира доволно и искрено детството. Така ако им речете дека сте виделе убава куќа со розови тули, со гераниуми на прозорците и со гулапчиња на покривот.. ., тие нема да успеат да ја замислат таквата куќа. Треба да им се рече:
“Видов една куќа од сто илјади франка”. Е, тогаш тие ќе извикаат: “Колку убава куќа!”
На 31 јули 1944 година, во борбена задача како авијатичар загина Антоан де Сент Егзипери, француски писател, автор на најубавата модерна бајка, романот за деца „Малиот принц“. Роден бил во 1900 година. Авионот и телото на Егзипери, исто како на Малиот Принц во пустината, не биле пронајдени на земјата.
Возрасните забораваат дека и тие биле деца. ”Само со срцето добро се гледа. Најважното е невидливо за очите, порачува Егзипери во “Малиот Принц” .Летањето ќе се претвори во негова пасија. Неговиот краток живот од 43 години, ќе биде исполнет со летање и пишување.
 
Се започна како цртеж на книжна салфетка во ресторан во Њујорк, кога Антоан де Сент -Егзипери, нацртал русо момче, на кое што подоцна и ќе му даде одредени човечки карактеристики, и ќе ги внесе во една од најпопуларните детски книги на светот, “Малиот Принц”.
Дејствието во “Малиот Принц” е многу едноставно. Малиот Принц живее на една планета, Астероид Б612, каде има три вулкани од кои два се активни, една роза и огромни дрвја баобаби. Еден ден Малиот Принц решава да го останатиот дел од универзумот и посетува шест астероиди. На крајот ја посетил земјата, којашто има 111 кралеви, 7.000 географи, 900 илјади бизнисмени, седум и половина миллион пијаници, 311 милиони вообразени, односно два трилиони возрасни личности. На земјата малиот Принц ја среќава и лисицата која му ја открива нејзината тајна која е многу едноставна само што луѓето ја заборавиле таа вистина. “Само со срцето добро се гледа. Најважното е невидливо за очите”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *