МИНИСТЕРОТ ЛОГА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ПРОМОЦИЈА НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

WEB Телевизија во живо

Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош како и да се обезбеди подобра искористеност и пристап до овие услуги, вчера министерот за правда Кренар Лога учествуваше во јавната промоција на оваа помош во Гевгелија.
Тој, со градоначалникот на Гевгелија , Андон Сарамандов, разговараше за важната улога на локалната власт во постигнување на заедничките цели, како што е соработката во спроведувањето на бесплатната правна помош и потребите на општината за поддршка од Министерството за правда, со едиствена цел успешно служење на граѓаните, исполнување на нивните потреби и обврските на Министерството.
 
Меѓу останатото, на средбата, градоначалникот Андон Сарамандов ја истакна и потребата за зајакнување на капацитетите на Управата за имотно правни работи во Гевгелија која се соочува со 5000 нерешени предмети, како и немање на геодет. Овие тешкотии претставуваат проблем за остварување на правата на граѓаните и обезбедување на соодветни услуги за населението во Општина Гевгелија.
Министерот Лога беше и во посета на подрачната канцеларија на Министерството за правда и во канцеларијата за бесплатна правна помош во Гевгелија.
 
Реформите во правосудство, истакнување на забелешките од домашни и меѓународни експерти и невладини организации, како и сите други предизвици, биле главни теми за кои разговарале на денешната средба министерот за правда, Кренар Лога со претседателката на Основен Суд Гевгелија, Марица Аврамчева Зафирова
Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, коишто ќе се одржат во различни региони во државата, со цел да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебно внимание на ранливите категории.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *