КОСТА ПОП-ЗАФИРОВ, ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА „КОЖУФ“ ДОБИ НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ФУДБАЛСКИ СКАУТ ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ ВО СЕВЕРНА РАЈНА ВЕСТФАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА

WEB Телевизија во живо

Поранешниот фудбалер на „Кожуф“ и бившиот репрезентативец на Македонија во категоријата У-17 и У-18, Коста Поп-Зафиров, е прогласен за најдобар фудбалски скаут за млади категории во покраината Северна Рајна Вестфалија, во Германија.
 
Тој, како македонски репрезентативец, ја имаше таа чест во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, кое се одржа во Грузија, да игра против репрезентацијата на Германија, во која тогаш настапуваше сега веќе познатиот Тони Крос.

Коста, во 2016 година заминува во Германија, каде настапува за клубот „ SG Hemer“. Во 2020 година завршува Факултет за Фудбал и Бизнис менаџмент, и станува фудбалски агент и скаут. Во месец август 2022 година, Коста ја основа својата фудбалска агенција „PCB-Soccermanagement“, и се фокусира на пронаоѓање млади таленти и репрезентативци. 

До сега има откриено талентирани фудбалери од Германија, Азербејџан, Холандија и екс Југославија, кои настапуваат со успех во Германија, во тимовите на Borussia Mönchengladbach,Hertha Berlin,VfB Stuttgart,Schalke 04,Eintracht Frankfurt,Mainz 05,Wehen Wiesbaden

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *