ГЕВГЕЛИСКИТЕ ШАХИСТИ ЌЕ ИГРААТ ВО БАРАЖОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА

WEB Телевизија во живо

Прекрасна вест пристигна од Хотел Дрим во Струга,каде играчите на ШК „7-ми Ноември“ учествуваа на првенството на Втората шаховска лига.
 
Тие во последното коло остварија голема победа против екипата на Карпош од Скопје со резултат 3.5 : 2.5,и со тоа го освоија 4 – то место што им овозможува да играат бараж за влез во Прва та македонска шаховска лига.
 
Успехот е поголем што е остварен со играчи од нашето поднебје,за разлика од другите екипи кои што во својот состав имаа засилувања и од страна.Играчите кој што го постигнаа овој за гевгелискиот клуб историски успех се :
 
Саво Спасеновски, Тоше Андонов, Слободан Дачев, Благојче Најдески, Борче Танчев, Перо Димов, Коле Думаловски, Дуле Андонов и Пепи Танчев.
Иако имаа малку време за подготовки, раководство и играчите дадоа се од себе за достојно претставување на Општина Гевгелија и својот шаховски клуб.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *