СРЕЌНА НЕКА ВИ Е СЛАВАТА, ЛЕКАРИ И ФАРМАЦЕВТИ. ДЕНЕС Е СВЕТИ ДАМЈАН И КОЗМА, ЗАШТИТНИЦИ НА ЛЕКАРСКАТА ПРОФЕСИЈА

WEB Телевизија во живо

Православната црква и верниците денес го слават празникот посветен на Козма и Дамјан, светци кои во народот се познати како Свети лекари. Лекари, бесребрници и чудотворци. Напишано е дека „Козма луто го прекорил Дамјана кога зеде три јајца од Паладија, жена која беше излекувана од сериозно заболување, и дека дури побарал да не биде погребан покрај неговиот брат по неговата смрт“.

Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. 

Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. После чудото извршено над самиот цар – бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака – царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. 

Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *