ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА ОД 06,00 ДО 20,00 ЧАСОТ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ

WEB Телевизија во живо

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на ЈП „Национални шуми“ даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.
Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
 
Како што информира МЗШВ, делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17. 07.
2023 година, во терминот од 06. 00 до 20. 00 часот. -Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.
 
Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.
За непочитување на оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1 500 до 2 000 евра во денарска противредност, наведува Министерството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *