АЛЕКСАНДАР ЈОНЧЕВСКИ ОСТАНУВА ТРЕНЕР НА КК „КОЖУВ“

WEB Телевизија во живо

Селекторот Александар Јончевски останува да го води тимот од Гевгелија и во новата сезона! Постигнат е договор помеѓу клубот и селекторот Јончевски за обновување на соработка. Тренерот Јончевски е добро познат на гевгелиската публика , бидејќи во два наврати го водеше тимот на „Кожув“. Во минатата сезона Јончевски оствари добри резулати и тоа доаѓајќи на полусезона.
Она што го планираше, тоа и го реализира. Тимот обезбеди место во плеј-офот, навреме се тргнаа од зоната која води во Плеј-аутот.
 
Што вели статистиката за Кожув?
Дека се една од најефикасните екипи на домашен терен, затоа што во просек, „црвено-белите“ во гевгелиската сала „26.април“ реализираа по 89.поени (десет помалку на гостински терен).
Процентуално, реализираа со 79.1% во обидите кои вредат по еден поен (но гостински терен успешноста беше помала, 74%. Потоа, 60.9% за два поени како домаќини, и 54.8% на гостински терен, односно 32% за три поени, (30.5% на гостински паркет).
Во сезоната што заврши, Кожув одигра вкупно 24.натпревари.
Но она што е забележливо е податокот дека на списокот на регистрирани играчи има дури 21.кошаркар.
 
Број 1 е сепак Мајрон Гордон, најдобриот стрелец во Првата лига. Одличниот американски бек ја заврши сезоната со просечни 26.поени. Пред Рамо Ризвиќ кој имаше 16.8, и Домен Братож со 13.6.
 
Душан Јузбашиќ кој играше во вториот дел од сезоната за екипата пд Гевгелија финишираше со 5.6 скока просечно по натпревар, додека пак најдобар асистент во тимот е Домен Братож, во просек реализираше по 4.1 додавања на еден првенствен натпревар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *