ЗАПОЧНУВА ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО – ПОЕЗИЈА, ФОЛКЛОР, УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ, ФИЛМОВИ И КОНЦЕРТИ

WEB Телевизија во живо

Од денеска (30 јуни 2023 година), започнува „Гевгелиско културно лето“ во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, а под покровителство на Општина Гевгелија.

„Гевгелиско културно лето“ ќе го отворат дечињата од Драмската секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова, со поетско-музичката манифестација „Трба, трби гевгелиско“. Оваа активност од програмата за „Гевгелиско културно лето“ ќе се одржи вечерва, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.

Наредната недела, на 5 јули 2023 година (понеделник), на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе се претстават членовите на Литературниот клуб при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, подготвени од Емилија Старделова, на мултимедијалната манифестација „Фолклорот и традицијата негувании низ времето“.

Во вторник (7 јули 2023 година), во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, со книжевна вечер ќе се одбележи 80-годишнината од раѓањето на Илија Карајанов. Настанот ќе биде одржан во хотел „Аполонија“, со почеток во 18:00 часот.

Првата недела од „Гевгелиско културно лето“ (10 јули 2023 година) ќе заврши со одржување на Концерт на „Трио Џентлмен“, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот.
 
Влезот за сите настани во рамки на „Гевгелиско културно лето“ е слободен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *