ЗА 4.674 РАБОТНИ МЕСТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

WEB Телевизија во живо

ШАНСА ЧЕКААТ НАД 107.000 НЕВРАБОТЕНИ.
ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ НУДАТ 50 РАБОТНИ МЕСТА
 
Понудата се состои од 4.674 отворени работни позиции, а во Агенцијата за вработување шанса бараат 107.588. На списоците се и 13.251 лице кои осум, па и повеќе години се во исчекување дека ќе добијат работно место. Најголема потреба од работници има преработувачката индустрија. На списокот најбарани занимања се и возачите на камион, келнерите, програмерите и градежните инженери.
 
Сликата за состојбата со невработеноста покажува дека бројот на невработени се зголемува паралелно со возраста. Најмалку евидентирани има во категоријата до 19 години, 1.597, а најбројни се лицата без работа на возраст од 55 до 59 години – 16.245. Очекувано, бројна е и групата каде што се заведуваат оние кои имаат над 60 години, а немаат работа, 14.332.
Од аспект на школуваноста, меѓу лицата што се во потрага по работно место најбројни се тие кои се без и со основно образование. 
 
Ги има 63.867, од кои повеќето се жени, 33.918. Со незаокружено средно образование се 9.611, а со завршено средно се 25.792 лица. Во евиденцијата има и 813 со вишо образование. Високо образувани, а без ангажман се 6.904 лица, меѓу кои, со број од 4.449 се жените.
 
Невработени кои го стекнале звањето магистер се 583. Додека, пак, со титулата доктор на наука во списоците на АВРСМ се регистрирани 18 лица. Од нив, 11 се жени.
 
Што се однесува до понудата на слободни работни места, најмногу ги има во Скопје -2.828. Тетово има 492 отворени позиции, Куманово 301, Охрид 269, Штип 218, Битола 165, Прилеп 157, Велес 111, Виница 94, Кавадарци 87, Кочани 81, Македонски Брод 79, Струмица 75, Гевгелија 50, Свети Николе 20, Струга 19, Гостивар 16, Кичево 11, Неготино 9, Валандово и Ресен по 6, Крушево 3, Радовиш 2, а Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Дебар и Делчево засега се само со по едно слободно место.
Во Демир Хисар и Берово, работни места за пополнување – нема.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *