ВО СПОМЕН НА БОБИ ПЕТКОВСКИ, КОЈ ЖИВЕЕШЕ ЗА КОШАРКАТА

WEB Телевизија во живо

Денеска, вторник,, 27 јуни, во салата „26 Април“ во Гевгелија ќе стартува новото издание од меѓународниот меморијален кошаркарски турнир „Боби Петковски“,во сеќавање на прерано починатиот тренер на младинските категории на КК „Кожув“, Боби Петковски.
 
Тоа е убава можност да се потсетиме на неговиот придонес кон развојот на кошарката во Гевгелија.
 
Боби Петковски со кошарка се занимавал уште од училишните денови. Бил дел од младинската а потоа и првата екипа на КК Кожув во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. На покана од управата на КК Кожув, Петковски прифаќа да биде тренер на најмладите љубители на кошарката и речиси 20 години со голема љубов ја извршуваше таа работа. Неговата љубов кон спортот успеа да им ја пренесе на армија момчиња и девојчиња од кои некои денес и професионално се занимаваат со спорт, како тренери и идни професори по физичко воспитување.
 
Од 2005 секое лето, младите кошаркари, под негово водство беа дел од летните кошаркарски школи во Струга, Охрид и Грција на која учествуваа стотици деца. Преку годините организираше разновидни турнири во Гевгелија на кои учествуваа деца од Македонија и странство. Боби живееше за кошарката и децата. Тој беше и омилен кошаркарски судија на долгогодишниот градски турнир „Гевдион“.
 
Со својата упорност, ентузијазам и работа, тој успеа да ги собере сите млади кои ја сакаа кошарката под покривот на Спортската сала, а некои деца да ги оттргне од улицата. Во негово време со помош и на на другите активни љубители на кошарката успеаја да ја направат Гевгелија град на кошарката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *