ВНИМАТЕЛНО КОГА ОДИТЕ НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ НА ПРОШЕТКА ИЛИ ВО БЕРБА НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ. ПРОНАЈДЕН ИЗГУБЕНИОТ БЕРАЧ НА ПЕЧУРКИ!

WEB Телевизија во живо

Додека голем број на луѓе залудно го трошат времето пред компјутер или се уште спијат не можејќи да се свестат од забавата од претходната вечер, мажи, жени и деца со години наназад планинарат на преубавата Кожуф планина или пак берат шумски плодови на Кожуф до доцна во есента.
 
Сепак, кога заминувате на планината, мора да бидете крајно внимателни, за што зборува и последниот случај на гевгеличанецот кој во средата, на 21 јуни, некаде околу пладне, заедно со својот другар заминал на гости кај свој пријател кој имал викендичка над селото Серменин. По ручекот, двајцата пријатели решиле да се прошетаат во околината и да видат дали по дождливиот јуни, се појавиле печурките. Во еден момент се разделиле, а едниот од нив, забележувајќи на една полјана печурки, одејќи да разгледа на колкав простор изникнале, во еден момент се лизнал и се стркалал во едно долче во кое течела мала рекичка.
 
Кога сакал да се искачи на местото од каде се лизнал, забележал дека поради стрмниот терен не можел да го стори тоа и останал заглавен. Кога неговиот пријател забележал дека и по еден до два часа тој не се враќа, заедно со другарот каде престојувале започнале да го бараат. Барањето било отежнато, бидејќи на тој терен нема сигнал на мобилните оператори. Започнале да го бараат со викање, но тоа не помогнало бидејќи од шумот на планинската река тој не можел да ги чуе.
 
Братот на заглавениот гевгеличанец откако бил информиран за сето ова се јавил до ОВР Гевгелија, кои пак од нивна страна побарале и добиле дозвола од СВР Струмица да ангажираат возила и луѓе, да побараат помош од Шумската полиција и од припадниците на „Фронтекс“, како и ловочуварот и искусните познавачи на тој терен( Ице Калм и Ице Меши, во пронаоѓањето на лицето. Со координирана акција на сите чинители некаде во вечерните часови во месноста викана „Извор“, во атарот на селото Серменин бил лоциран изгубениот собирач на печурки.
 
Нека ова биде уште едно предупредување до сите оние кои од било какви причини ќе замината на Кожуф планина, да бидат крајно внимателни, за да во иднина не се случуваат вакви немили настани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *