ВЉУБЕНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА – БЕН И ЛИНДА

WEB Телевизија во живо

Гевгеличани се сеќаваат на „Светскиот проект за помош“, организација формирана од брачната двојка Бен ван Баардвајк и Линда Рајмерсдал од Мастрихт, во Холандија, Тие имаат мисија со своите велосипеди до 2027 година да поминат 100.000 километри и 80 земји во светот.При тоа, во секоја земја организираат настани на кои собираат хуманитарна помош за лицата на кои тоа им е потребно.
 
Во месец септември, 2020 година водевме интересен муабет со нив и направивме интервју за „Вечер“ во Гевгелија. Овие ведри, храбри, и полни со авантура луѓе, поминаа неколку дена во Гевгелија,на пропатување кон Грција. Тогаш воспоставија контакт со локалната организација Changemakers4all кој трае и ден денес.
 
Неодамна, Бен и Линда ни се јавија од Невадо де Тулука во Мексико, еден од највисоките вулкани (4680 метри) во Мексико, каде го поминуваа 997 ден од нивното патување низ светот, да не известат за нивната донација која ја намениле за „Гевгелија точак клуб“, велосипедскиот клуб од Гевгелија
 
Во ова известување тие ни пишуваат:
„На 15 јуни 2020 година го започнавме нашето патување со велосипеди низ светот, најнапред од Холандија до Грција. Преку социјалните мрежи контактиравме со невладината организација Changemakers4all, од Гевгелија, Република Македонија. Имавме навистина убав состанок со целиот тим и оттогаш сме во постојан контакт.
 
Changemakers4all спроведува акција со која сака да ги вклучи сите луѓе во Гевгелија кои размислуваат на еден позитивен начин . Тие се посветени на создавање на Гевгелија, како пријателски град за велосипедисти и ги поттикнуваат луѓето што повеќе да го употребуваат велосипедот како превозно средство . Во април 2022 година, неколку членови на оваа организација го основаа велосипедскиот клуб, „Гевгелија точак клуб“. Првиот во Гевгелија. Повеќе од 100 луѓе веќе се приклучија на овој клуб.
 
Changemakers4all и велосипедскиот клуб „Гевгелија точак клуб“ неодамна ја прославија својата прва годишнина со забава во локалната дискотека во својот град. Имаше и лотарија за која придонесе и нашата фондација. Главната награда од наша страна беше велосипед за еден од среќните посетители на забавата!
 
Многу сме радосни што ја имавме убавата можност да оставиме нешто конкретно зад себе, иако од далечина, во Гевгелија во Република Македонија. На Елена Бучкова , добитничката на велосипедот и посакуваме многу забава и безбедни километри на нејзиниот нов велосипед.
 
Во моментот, Бен и Линда се во државата Мексико. На нивниот пат кон Толука биле пречекани од пријателски настроени луѓе кои ги поздравувале со кревање палци, некои започнувале разговор со нив, други им давале вода, електролити и чоколадца.!
Но вечерта настанал проблем. Имено и на двајцата почнало да им се гади. Стомакот им бил надуен, и добиле дијареа.
„Веројатно прженото пилешко, сирењето или лимонадата? По патување од скоро 3 години од кои 2 месеци во Мексико се чувствуваме за никаде, пишуваат тие..Остануваме уште малку за да бидеме подобри. Со тоа, добивме и шанса да го видиме центарот на градот на овој прочуен град, Толука.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *