ВИСТИНСКОТО ЛЕТО НИ ПРИСТИГНУВА ВО ЈУЛИ

WEB Телевизија во живо

Како прво, не се очекува температурен скок и брз премин од пролет во лето. Ова се однесува на целиот југ на Европа, каде што летото 2023 година ќе дојде малку подоцна, во текот на месец јули.
Што се однесува до Балканскиот Полуостров, ризикот од топлотни бранови е помал од претходните години, што значи дека не не очекуваат тропски денови. Температурите ќе бидат во рамките на долгорочните просеци.
 
Многугодишниот просек (1981 – 2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16 степени во планинските предели до 25,3 степени во Гевгелија. Врнежите се во границите од 23,9 милиметри измерени во Штип до 96,7 во Маврово.
 
За територијата на Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до три степени целзиусови речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули, соопшти УХМР.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *