УЧЕНИКОТ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ БЛАГОЈА ПАНОВ ОСВОИ ТРЕТО МЕСТО НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

WEB Телевизија во живо

На конкурсот за најдобар фил(м)ософски есеј како дел од Средношколската видео лектира, сегмент од Едукативната програма на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ), ученикот Благоја Панов, под менторство на професор Снежана Арџанлиева Танева, освои III место за најдобар средношколски филмософски есеј. Ученикот доби бројни награди, списанија и зборници од Филозофското друштво, книги од издавачката куќа „Аз-Буки“, филмови од Кинотеката на Македонија, едногодишна стипендија од Универзитетот Еуропа Прима, курсеви по шпански јазик од амбасадата на Шпанија и парична награда. Наградите беа врачени од страна на амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *