ТЕОДОРА ГОШЕВА ЌЕ НАСТАПИ НА КОНЦЕРТОТ НА MIYATTA ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Нашата сограѓанка, поп-пејачката, Теодора Гошева-Теда, која многумина ја нарекуваат уште и македонската Нина Симон, утревечер, среда, 28 јуни, ќе настапи на првиот солистички концерт на Мијата. На концертот, Теодора, заедно со Мијата ќе ја изведат композицијата „Враќање дома“
Концертот ќе се одржи во Куршумли ан во Скопје, а на него Мијата ќе го промовира својот втор албум насловен „Вида“. Концертот на Мијата е дел од Скопско лето 2023, а таа ќе настапи во придружба на петмина музичари и тројца пратечки вокали.
Како гости, освен Теда, ќе настапат уште и Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски…

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *