СО ДВАТА КОНЦЕРТИ ТАНЦОВОТО СТУДИО „MYSTIC“ ГИ ВООДУШЕВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ

WEB Телевизија во живо

Танцовото студио „Мистик“ со двата Годишни концерти во Народниот театар- Гевгелија, традиционално го одбележа крајот на сезоната 2022/2023. Членовите на ова студио, кое е формирано во 2008 година во просториите на Пионерскиот дом во Гевгелија, под раководство на Александар Аврамов, и овој пат се претставија со кореографии инспирирани од урбаната и поп-културата на денешницата, оригинални и својствени за „Мистик“, кои ја одбележаа својата натпреварувачка сезона.
 
Со своите настапи во земјава и во странство и со многубројните награди со кои се враќаа од Белград, Србија; Загреб, Хрватска; Солун, Грција и Скопје, Македонија, студиото „Мистик“ претставува вистински музички репрезент на Гевгелија и на Македонија, на модерниот танц.
 
Гевгелиската публика со искрени аплаузи ги наградуваше сите настапи на малите и поголемите танчерки и танчери кои продефилираа на сцената на Народниот театар. Своето воодушевување една од посетителиките на концертот ќе каже:
„.Концертите нè оставија без здив, влеговме во салата и заминавме на едно патување со Mystic Airlines – From Gevgelija to your dreams! Александар, ова што го правите е бесценето, успеавте да ги кренете сите генерации на нога и да внесете толку љубов и страст кон модерниот танц хип-хоп, притоа учејќи ги децата на упорност, истрајност и посветеност.
 
Идејниот татко на ова студио, Александар Аврамов, кој над 20 години е инструктор и кореограф, не криејќи го своето задоволство од успешните концерт и успешната сезона изјави:
„Веќе 16 години „Мистик“ нѐ води низ светот на урбаниот танц, танцот на денешницата, танцот на иднината. Креираат и танцуваат на музиката што ја слушаат и младите и возрасните, музиката со која се расте и се сонува. Се смееме и плачеме, се дружиме и отуѓуваме, паѓаме, па стануваме… впрочем како и во животот. И еве нѐ овде, на крајот на уште една успешна сезона.“
Тој им се заблагодари најпрво на сите членови што беа дел од „Мистик“ изминатава сезона, а изрази и благодарност и до нивните семејства за поддршката и аплаузите на секој натпревар, секое патување, секоја изведба.
 
„Најдобрите успеаја да издржат до крај и да се искачат на сцената две вечери по ред и да настапат не еднаш туку 5, 6, 7 пати, нешто што е карактеристично за вистински професионалци.
 
Мини деца и деца 2 – Вие сте иднината на Мистик и на Гевгелија и ја разубавувате сцената со Вашата насмевка и ведрина.
Деца 1 и јуниори 2 – иако почнавме како две групи, успеавме да се консолидираме на крај, имавме одлични успеси и мислам дека следната сезона ќе имаме одлична јуниорска формација.
Сениори и јуниори 1 – Вие сте столбот на Мистик; покажавте зрелост преку целата година, а тоа го кажуваат и резултатите како и коментарите што ги добивавме после секој настап; Вие сте пример за помалите и вистинска гордост за градот.“
Навистина е убаво кога некој креативец својот талент, ентузијазам и време ќе им ги посвети на помладите, бидејќи, како што велат, „човек е креативен само ако го сака животот доволно за да сака да ја издигне неговата убавина, да внесе малку повеќе музика во него, малку повеќе поезија во него, малку повеќе танц во него“.
354844271_1448323452664419_7292513694908081072_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *