„СЕКОЕ ДЕТЕ СО СВОЈАТА АВТЕНТИЧНОСТ“- 5. РАБОТИЛНИЦА „ШТО СЕ МОИТЕ СЕТИЛА“

WEB Телевизија во живо

Продолжува одржувањето на работилниците во рамки на локалната сервисна услуга наменета за родителите, чии деца се во фазата на раниот развој „Секое дете со својата автентичност“. Имено, на 16 јуни 2023 година, со почеток во 18:00 часот, а во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија, ќе биде одржана 5. од 8. работилници во рамки на услугата. 

На работилницата, родителите ќе имаат можност да се запознаат од страна на специјалните едукатори на темата: „Што со моите сетила“. Имено, 4. работилница беше одржана на 26 мај, на тема: „Емоции и емоционална интелигенција“, на која беше дискутирано за улогата на родителите во емоционалниот развој на децата, методите за добивање свесност за своите емоции кај децата и начините за саморегулирање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *