ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „ЅУНИЦА“ ВО КНИЖАРНИЦАТА „THE BOOK SHOP“ ВО ГЕВГЕЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

Вчера, сабота, 17 јуни, во книжарницата „The Book Shop“, вработените од Едицијата Светулка се дружеа со дечињата од Гевгелија со кои разговараа за целата нивна едиција, за тоа кои се нивните омилени книги, омилени јунаци, омилени илустрации, а потоа имаа работилница на тема инспирирана од нивната последна сликовница „Ѕуница“. Промотор беше Петар Јанчев, кој при тоа истакна:
 
Во денешно време, бидете среќни што се уште се наоѓа по некој кој мисли на вашите деца да им понуди содржини во печатен и илустриран формат, имајќи предвид колку е тешко да се допре до соодветна литература за деца. И колку е тешко на децата да им се всади љубовта кон книгата во време кога е развиена технологијата и, за жал, нејзиното прекумерно користење и од страна на децата.
 
Топло ви ги препорачувам сликовниците на „Едиција светулка“ затоа што текстовите во нив, во форма на поезија, се напишани на лесен и едноставен јазик, разбирлив за дечињата во раниот развоен период, звучни и лесни затоа што се богати со рима, а што е најважно, покрај тоа што се поучни, преку ликови од животинскиот и растителниот свет обработуваат теми за добрината, пријателството, другарството, љубовта, хуманоста, солидарноста, прикажана е мислата и во слики. Што е многу важен фактор за визуелната перцепција кај децата, тоа што се слуша или чита, преку цртеж да се доживее. И тоа, благодарение на прекрасната илустраторка, Иванка Ниба, чии илустрации се застапени во поголемиот број сликовници на „Едиција светулка“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *